Дома Фудбал Енрике пред спектаклот: ПСЖ не се плаши од Ливерпул!

Енрике пред спектаклот: ПСЖ не се плаши од Ливерпул!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја продолжија неверојатната серија од резултати и победи, но сега ги очекува спектакл – двомеч со Ливерпул во Лигата на шампионите.

Ова е и најочекуваниот дуел од осмина-финалето во елитната конкуренција, а единствена штета е што ќе се одржи веќе во осмина-финалето и што еден од двата одлични тима ќе го заврши натпреварувањето прерано.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


ПСЖ си игра со ривалите во Франција, истото Ливерпул го прави во Англија, и двата тима практично ги осигураа титулите и спокојно можат да размислуваат само за претстојниот дуел.

Првиот натпревар ќе се одигра за три дена во Париз, а реваншот шест дена подоцна на „Енфилд“.

„Не видов ниту еден мој тим да има страв, ниту овој сега, ниту пак некој претходен. Тоа не го забележав, професионалците немаат страв. Не верувам дека моите играчи се плашиле никогаш порано, и сега се чувствуваат исто”, алудираше тренерот на Паризаните Луис Енрике за мечот со Ливерпул, откако неговиот тим во уште една супериорна претстава де-класираше Лил во таканареченото дерби на колото – 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп не е задоволен од топката со која се игра ФА-купот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го критикуваше квалитетот на топките со кои тим…