Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис уште еднаш го собори светскиот и сопствениот рекорд во скок со стап.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дуплантис во Клермон-Феран ја прескокна висината од 6,27 метри и 11-ти пат во својата кариера го собори светскиот рекорд.
Серијата на Мондо со одлични резултати трае од 2020 година кога во Торуњ скокна 6,17 м, потоа два пати го сруши рекордот во Белград 2022 во сала, и од тогаш секоја сезона неколкупати ги поместува границите.
Швеѓанецот двапати беше олимписки и светски шампион и трипати европски.