Тренерот на Фенербахче, Жозе Муринјо, се наоѓа во незавидна ситуација, бидејќи поради расистички коментари после дербито во Истанбул му се заканува шестмесечна суспензија, објавија турските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако за португалскиот стручњак се знаеше дека е темпераментен и во последните две децении тоа тешко го можеше да го контролира, впечатокот е дека во понеделник попладне отиде чекор понатаму откако изрече расистички коментари кон клупата на Галатасарај.
Мурињо го спореди скокот на противничката клупа со мајмунско однесување, а имаше и посебен коментар на сметка на судењето, навредувајќи ги домашните судии, имајќи предвид дека правдата ја делеа словенечкиот судија Славко Винчич.
Веќе во вторник Галатасарај најави судски процес против Мурињо и обезбедување на правда до највисокото ниво во фудбалот, што подразбира обраќање до УЕФА и ФИФА.
После натпреварот меѓу Фенербахче и Галатасарај, завршен со најнепопуларниот резултат, Мурињо отиде да им честита на судиската тројка со Славко Винчиќ на чело, што предизвика реакција од тренерот на Галатасарај, Окан Бурук.