Дома Фудбал Ханси Флик: Не игравме на посакуваното ниво, но…

Ханси Флик: Не игравме на посакуваното ниво, но…

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, даде изјава по победата на неговиот тим со 0-2 против Лас Палмас.

Флик не беше целосно задоволен од перформансот на своите фудбалери, но сепак истакна дека е задоволен од освоените три бода.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Се чувствувам некако уморен од овој меч. Ме исцрпи затоа што не одигравме најдобро. Тежок натпревар, од кој најважно е тоа што победивме. И кога не сме најдобри имаме играчи на клупата кои добиваат шанса да покажат што знаат. Голот на Олмо беше многу важен и за нас и за него. Неговото појавување на теренот беше многу позитивен момент“, изјави Флик

По оваа победа, Барселона се врати на врвот на табелата, со еден бод предност пред Атлетико Мадрид кој е на второто место.

„Мислам дека 5-10% секогаш зависат од поседот на топката и контролата. Не игравме онака како што посакувавме, па имавме повеќе проблеми од вообичаено“, додаде Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на приказната: Легендарниот Жозе Алдо ја заврши кариерата (Видео)

Легендарниот борец Жозе Алдо повторно ги остави ракавиците. Еден од најголемите борци во и…