Пау Кубарси е најновиот фудбалер на Барселона, кој веќе има нов договор. Денеска, дефанзивецот потпиша со клубот до летото 2029 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По правило, договорот беше постигнат уште минатото лето, но се чекаше талентот да наполни 18 години, што се случи пред околу три недели. Интересното е дека клаузулата за откуп останува на вредност од 500 милиони евра, што е половина од тие на пример на Гави и Педри.
Кубарси, кој сензaционално се етаблира како стартер на сметка на поискусни играчи, пристигна денеска во канцеларијата на каталонците во придружба на своите родители. Тој е во клубот од 11-годишна возраст.
Неодамна Барса ги обнови договорите на Гави, Педри, Роналд Араухо и Жерард Мартин. Се очекува истото да се случи и со Ламин Јамал, но и за него ќе се чека полнолетството, што ќе стане факт после крајот на сезоната.
One club. One love. 💙❤️ pic.twitter.com/pqNMlNzGJU
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 13, 2025