![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/novak-djokovic-1-819x491.jpg)
Новак Ѓоковиќ откри дека се рехабилитирал од сериозната повреда поради која беше принуден да го предаде мечот на Австралијан опен.
Да потсетиме, поради повредата на бутот, Ѓоковиќ се повлече откако во полуфиналето го загуби првиот сет од Александар Зверев.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Сега најдобриот тенисер на сите времиња откри дека се рехабилитирал и дека ќе настапи на турнирот во Доха кој е закажан од 17. до 22. февруари.
-„Повредата е скоро 100 проценти санирана и подготвен сум за нови работни победи. Имам зелено светло од медицинскиот тим дека можам да тренирам, дека можам да се подготвувам. Турнирот во Доха е на распоред сега за седум дена, па се држам до распоредот“, кажа Ѓоковиќ.