Дома Фудбал Неверојатно е колку нема среќа: Одигра само пет натпревари цела година и сега – повторно се повреди!

Неверојатно е колку нема среќа: Одигра само пет натпревари цела година и сега – повторно се повреди!

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Лук Шо претрпе нова повреда, и повторно нема да биде во конкуренција за натпреварите на својот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шо во последно време, особено откако пристигна во Манчестер Јунајтед, има многу проблеми со повреди.

Во изминатите 12 месеци, Шо одигра само пет натпревари за овој клуб, што најдобро зборува за проблемите со повреди кои ги имаше.

Англичанецот минатата година одигра само три натпревари за својот тим, а потоа се очекуваше во декември да се врати на теренот. Тоа на крајот не се случи.

Започна да тренира во јануари, и сите се надеваа дека на почетокот на февруари ќе го видат Шо на теренот, но тој повторно се повреди.

Според првичните прогнози, Шо ќе биде надвор од теренот најмалку четири недели и јасно е дека пред март нема да игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судир на гол мaшини: Холанд и Кејн постигнаа 131 гол оваа сезона!

Во четвртфиналниот дуел меѓу Норвешка и Англија на Светското првенство нема да се бори сам…