Дома Тикет на денот Тикет на денот (недела, 02.02.2025)

Тикет на денот (недела, 02.02.2025)

Уште еден фантастичен ден е пред нас. Се играат првенствени натпревари ширум Европа, а ова е нашиот предлог тикет за денес.

Марсеј – Лион – ГГ @ 1.53 во Mozzart

Првиот натпревар за овој тикет е дерби дуел кој ќе се изигра во рамките на француската Лига 1, а на Велодром ќе се сретнат екипите на Марсеј и Лион. Домаќините се во поповолна ситуација и тие имаат досега освоено 37 бода што е доволно за да бидат на второто место на табелата. Лион пак влезе во лоша серија и нема победа на последните три првенствени натпревари, а во тој временски период запишаа две реми и еден пораз. Овде немаме фаворит, па затоа типуваме на голови. Наш предлог е ГГ со квота 1.53 во Mozzart.

Валенсија – Селта – 1Х @ 1.43 во 22Bet


Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓


Валенсија е најголемото разочарување во шпанската Ла Лига. Тие се во црвената зона и како што стојат работите овој тим ќе се бори за опстанок до самиот крај на сезоната бидејќи досега освоија само 16 бода. На гости им доаѓа Селта, тимот кој исто така не бележи добри резултати во последно време, но е барем надвор од опасната зона. Овде Валенсија очекуваме во најмала рака да не бидат поразени, па затоа решивме да типуваме 1Х со квота 1.43 во 22Bet.

Милан – Интер – ГГ3+ @ 2.15 во Bet365

Во терминот од 18:00 во италијанската Серија А ќе се изигра градското дерби помеѓу Милан и Интер. Милан игра доста променливо во целата сезона и никако да успеат да врзат серија добри резултати, па во моментов се веднаш под зоната за Европа. Интер за разлика од нив е во подобра позиција и имаат 50 бода, па се наоѓаат на второто место на табелата со 3 бода помалку од Наполи, но исто така имаат и еден натпревар помалку изиграно. Овде мотивот е огромен на двете страни, па затоа го избегнавме типот на конечен исход. Ние предлагаме да изиграте ГГ3+ со квота 2.15 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.70

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (сабота, 01.02.2025)

Денес имаме полна понуда и веруваме дека ќе направиме вистински избор на натпревари кои ќе…