Дома Фудбал Себаљос со порака до Барселона: Залудно имате убава игра кога не знаете да победите

Себаљос со порака до Барселона: Залудно имате убава игра кога не знаете да победите

Реал Мадрид ѝ избега на Барселона на огромни седум бодови предност, а Дани Себаљос по победата над Лас Палмас го „пецна“ најголемиот ривал.

Реал победи во неделата против Лас Палмас со резултат 4:1, Себаљос беше еден од најдобрите на теренот, а по натпреварот имаше порака за Барселона, која ден претходно направи нов кикс со Хетафе. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Барса? На крајот, не е важно да играш убаво ако тоа не донесе резултат. Важно е да се победува“, рече Себаљос. 

Како што се очекуваше, веднаш следеа голем број реакции на социјалните мрежи, бидејќи Барселона два пати оваа сезона го совлада Реал Мадрид – со 4-0 и 5-2, го освои Суперкупот на Шпанија, а и во Лигата на шампионите е второпласирана, веднаш зад Ливерпул. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Килијан Мбапе откри кој отсекогаш бил неговиот идол

Во интервју за шпанската телевизија Movistar, Мбапе зборуваше со голема почит за Кристијан…