Томас Парти може да го напушти Арсенал на крајот на сезоната како слободен агент, пренесуваат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Парти пред четири години пристигна на „Емирати“ како големо засилување за 55 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата.
Оваа сезона игра добро, но неговиот договор истекува на лето, а се уште нема најави за продолжување на соработката.
Јувентус сака да ја искористи таа ситуција и да доведе големо засилување без обештетување, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Наполи и Интер исто така покажуваат интерес за Парти и ја следат ситуацијата.