Дома Фудбал Познато колку Елон Маск е спремен да плати за Ливерпул

Познато колку Елон Маск е спремен да плати за Ливерпул

Елон Маск наскоро би можел на Тесла, SpaceX и на X (поранешен Twitter) да додаде уште еден голем светски бренд, да влезе во спортот и да го прошири своето влијание во Велика Британија. Контроверзниот мултимилијардер наводно разгледува купување на Ливерпул за нешто повеќе од седум милијарди евра, а тоа го потврди неговиот татко Ерол во разговор за Радио Тајмс.

Таткото на Маск прво одбиваше да ја коментира гласината бидејќи тоа би можело да ја зголеми цената на клубот од „Енфилд“, но на инсистирање на водителот призна дека Елон навистина сака да го купи познатиот фудбалски клуб и објасни зошто токму Ливерпул.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


“Вистина е, Елон изрази желба да го купи Ливерпул, но тоа не значи дека навистина ќе го направи тоа. Дали сака да го направи тоа? Се разбира, кој не би сакал, и јас би сакал да го направам тоа,” рече Ерол Маск. “Неговата баба е родена во тој град, имаме и роднини таму, а и Битлси растеле со некои членови од моето семејство,” објасни Ерол мотивите на својот син.

Теоријата за интересот на Елон Маск за купувањето на Ливерпул ја лансираше Викенд Спорт, според која цената би била 7,2 милијарди евра, што претставува нешто помалку од два процента од вредноста на Маск, која се проценува на 400 милијарди евра.

Маск не би влегол во Ливерпул единствено поради љубовта кон спортот, туку смета дека на тој начин би го зголемил своето влијание и моќ во Обединетото Кралство, што би било во прилог на неговите растечки политички аспирации откако стана близок соработник на Доналд Трамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал во српската Суперлига: УЕФА истражува наместен натпревар!

Нова година, а старите проблеми за српскиот фудбал. Сомнителен натпревар во српскиот фудба…