Дома Останати Ракомет Важен потпис во Вардар: Украинецот останува и наредната сезона!

Важен потпис во Вардар: Украинецот останува и наредната сезона!

Вардар веќе работи на создавање на квалитетен и конкурентен тим и за следните сезони, а првиот кој тоа го најави е левиот бек Дмитро Горига. Најтрофејниот македонски клуб и украинскиот интернационалец се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона, до крајот на натпреварувачката сезона 2025/2026.

Кратко траеше договорот за останување во Скопје, бидејќи и двете страни беа задоволни од меѓусебната соработка, иако Горига е дел од тимот само неколку месеци.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сезонава покажа дека е неговото ангажирање е вистински погодок и во многу ситуации ги потврди своите голгетерски способности. Борбеноста и лојаноста кон клубот секогаш биле очигледни, и не се штедеше тоа да го покаже и на терен.

„ Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да му помогнат, и ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет. Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина, вели Андрија Нунев, оперативниот директор на РК Вардар 1961.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…