На натпреварот од Лига 1 помеѓу Монако и ПСЖ, кој заврши со резултат 2-4, Вилфред Синго направи невнимателен потег што доведе до сериозна повреда на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во една од акциите, Синго го удри Донарума со копачка во лице, при што голманот заработи неколку расекотини. Италијанскиот репрезентативец веднаш доби лекарска помош на теренот, а дополнителни медицински прегледи ќе утврдат колку се сериозни и длабоки повредите.
„Искрено жалам за инцидентот и сакам да му се извинам на Џанлуиџи Донарума. Навистина не беше моја намера да го повредам, но подоцна сфатив дека ситуацијата е многу сериозна. Ти посакувам брзо и успешно закрепнување“, кажа Синго.