Реал Мадрид ја победи Аталанта на гости со 3:2 и така ја прекина низот од два пораза во Лигата на шампионите. Килијан Мбапе, Винициус Жуниор и Џуд Белингам беа стрелци за Реал, а за Аталанта погодија Чарлс де Кетеларе и Адемола Лукмен. Особено добра акција Реал изведе во 59. минута кога поведе со 3:1. Асистент беше Винициус Жуниор, а стрелец Џуд Белингам. Камерите ги фатија овие двајца во разговор.
Имено, Белингам побара од Винисиус да му упатува долги топки преку домашната одбрана. Само 30 секунди по договорот, акцијата беше успешна. Бразилецот убаво ја префрли одбраната на Аталанта, топката стигна до извонредниот Белингам, кој мајсторски ја заврши акцијата за две гола предност на актуелниот европски шампион.
.Jude Bellingham asked Vinicius Jr for a long pass over the defence.
— TC (@totalcristiano) December 11, 2024
30 seconds later, the pass arrived and he scored.
pic.twitter.com/32bwok1FbU