Дома Фудбал Мбапе го прекина молкот и ја „отвори душата“ по обвинувањата за силување

Мбапе го прекина молкот и ја „отвори душата“ по обвинувањата за силување

Шведските медиуми во средината на октомври известија дека Мбапе е под истрага за наводно силување, а Французинот веднаш реагираше на „Твитер“ и кажа дека тоа се „лажни вести“.

Во неодамнешно интервју за “Канал+”, повторно зборуваше за споменатата ситуација, велејќи дека не бил контактиран од страна на шведските надлежни органи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ме изненади тоа. Се случуваат такви работи кои не се предвидливи. Никој не ме повика. Само читав шпекулации исто како и другите. Шведската влада не се огласи, така што не се грижам. Ни во еден момент не бев загрижен поради тоа,“ рече Мбапе.

Ѕвездата на Реал Мадрид додаде дека се чувствува спокојно, како и дека некои од деталите во медиумите не се точни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови проблеми за Артета, Рајс и Сака се вратија повредени од репрезентацијата

Томас Тухел ослободи дури осум фудбалери од англискиот камп, кои порано ќе се вратат во св…