Дома Фудбал Англија ШОК за Мурињо – „Ѓаволите“ на колена пред Хадерсфилд! (Видео)

ШОК за Мурињо – „Ѓаволите“ на колена пред Хадерсфилд! (Видео)

Екипата на Хадерсфилд попладнево го направи најголемото изненадување во Премиер лигата совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:1.

Хадерсфилд е тим кој оваа сезона влезе во Премиер лигата и имаше навистина фантастичен старт, но потоа следуваа серија лоши резултати, но сега тие им се враќаат на победите и тоа против еден кандидат за титулата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Избраниците на Жозе Мурињо ја имаа топката во свој посед, но сепак не успеваа да креираат многу стопостотни шанси за погодок. Од друга страна пак домаќините беа навистина ефикасни и знаеа како да ги искористат своите шанси.

Арој Мој го доведе Хадерсфилф во водство во 28 минута од натпреварот, а само пет минути подоцна Лаурент Депоитр зголеми за 2:0.

Во вториот дел се очекуваше „црвените ѓаволи“ силно да тргнат кон голот на домаќинот, но сепак ситуацијата на теренот не се промени премногу. Јунајтед голот на надеж го постигна преку Рашфорд на десетина минути пред крајот на средбата. За тимот од „Олд Трафорд“ ова беше прв пораз во сезоната.

За разлика од нивниот градски ривал, Манчестер Сити немаше никакви проблеми во натпреварот против Барнли. Стрелци во сигурната победа за „граѓаните“ беа, Агуеро од пенал во 30 минута игра, Отаменди во 73 минута и Сане две минути подоца.


Во останатиот натпревар Бурнемоут со 1:2 го совлада Стоук, Лестер со истиот резултат беше подобар од Свонси и Њукасл запиша минимална победа над Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…