Напаѓачот на Шведска, Александар Исак се најде во центарот на вниманието по натпреварите во Лигата на Нации поради неговиот поништен гол од страна на ВАР.
При резултат 3:0 за Шведска, Исак постигна гол, но тој беше поништен по реакција на ВАР собата.
Сепак, снимакта јасно покажува дека се работи за огромна грешка на судиите во ВАР. Како што стојат работите судиите во ВАР повлекле погрешна линија.
VAR ruled out Isak’s goal vs Azerbajdzjan because he was offside
— Calle (@FPL_Calle) November 19, 2024
I will let you decide yourselves pic.twitter.com/E18MMqbgPw
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако, Шведска победи, Исак не го криеше разочарувањето.
„Како е тоа можно? Сериозно? Ова е нешто најлошо што сум го видел. Добро е што победивме, но кога ќе видите дека ви поништиле регуларен гол секако се нервирате. Се случуваат грешки, меѓутоа со денешните услови вакво нешто е премногу. ВАР судиите беа во тунелот на полувремето и влеговме во расправија, но цврсто стое ана својот став“, изјави напаѓачот по натпреварот.
@FIFAcom There is no way this is offside, senseless decision by match fixing referees on VAR. Please fire these incompetent clowns and award the goal to Isak, he deserves his goal pic.twitter.com/rZDkP89sJE
— Simply Intact (@simply_intact) November 19, 2024