Пред нас е ден со катастрофална понуда, но веќе од утре продолжува Лигата на нации. Ова е нашиот супер дабл предлог за денес.
Чад – Сиера Леоне – 2&0-3 @ 2.05 во Mozzart
После четири изиграни кола во оваа група, овие две селекции се далеку од пласман на Африканскиот куп на нации кој е закажан за во 2026 година. Чад освои само два бода, додека Сиера Леоне имаат 4 бода и шанса со победа на овој натпревар да го фатат „последниот воз“. Голема работа направи селекцијата на Сиера Леоне со победата над селекцијата на Брегот на слоновата коска, а искрено сега сметаме дека имаат шанси за нови три бода. Ние одлучивме да типуваме 2&0-3 гола со квота 2.05 во Mozzart.
Феникс – Национал – 2&0-3 @ 2.00 во Bet365
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На уругвајската Клаусура и се ближи крајот. Изиграни се 11 кола, а до завршетокот остануваат уште четири. Во водство се двете најдобри и најпознати екипи, поточно Национал и Пењарол. Национал единствениот пораз го доживеаја кај Рампла Жуниор пред околу еден месец, а после тоа врзаа четири победи. Феникс пак е на 10-та позиција на табелата и досега има освоено само 13 бода од 11 натпревари и искрено тоа не е некој импресивен учинок. Ние на овој дуел очекуваме победа за гостите и најмногу три погодоци. Коефициентот за 2&0-3 гола изнесува 2.00 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.10
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk