Реал Мадрид синоќа продолжи со бледите игри оваа сезона и беше поразен во 4. коло во Лигата на шампионите од Милан на домашен терен. „Росонерите“ победија со резултат 3:1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Единствен стрелец за кралскиот тим на овој натпревар беше Бразилецот Винисиус Јуниор, но по натпреварот повеќе се зборува за неговото однесување отколку за погодокот.
Винисиус уште еднаш го навлече гневот на навивачите за симулирање, а тоа се случи во дуел со голманот на Милан Мајк Мањан.
Just look at Vinicius Jr 😂😂 pic.twitter.com/gYFPwG4AKY
— 𝐂𝐀 𝐕𝐀?🐐🐐 (@psg_chief) November 6, 2024