Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го плати 40 милиони евра, а заминува веќе во јанаури?

Манчестер Јунајтед го плати 40 милиони евра, а заминува веќе во јанаури?

Манчестер Јунајтед летово потроши многу пари на засилувања, но резултатите на стартот од новата сезона повторно не се во склад со очекувањата. Џошуа Зиркзе пристигна од Болоња за 40 милиони евра, меѓутоа веќе во јануари би можел да замине.

„Црвените ѓаволи“ во изминатите десет години потрошија неверојатна сума пари на засилувања за да го вратат овој клуб во самиот врв на светскиот фудбал, но се уште се далеку од такво нешто.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


На „Олд Трафорд“ не штедеа ниту летово кога се во прашање засилувањата, спеак стартот на новата сезона за Манчестер Јунајтед повторно не е конкурентен за врвот.

Зиркзе требаше да биде големо засилување откако пристигна по две одлични сезони во болоња, меѓутоа во моментов изгледа како „промашување“. На десет натпревари постигна еден гол и се најавува дека клубот ќе го испрати на позајмица.

Наводно, Јувентус кој е предводен од Тијаго Мота со кого Зиркзе соработуваше во Болоња покажал интерес. Но, не се исклучува можноста и за продажба бидејќи клубот има нови желби кои сака да ги доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал тргна по играч на Јувентус, па експресно доби јасна порака

Австриецот Давид Алаба подолг период е надвор од терените, требаше да се врати овој месец …