Дома Трансфер зона Аларм за гигантите: Баерн ја одредил цената за Мусиала

Аларм за гигантите: Баерн ја одредил цената за Мусиала

Баерн Минхен сака да го задржи еден од своите најдобри фудбалери, но не по секоја цена – Мусиала би можел да замине ако некој клуб ги исполни поставените услови од баварскиот гигант.

Според информациите англиските и германските медиуми, Баерн може да го пушти Мусиала за сума од 140 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ќе потсетиме, Мусиала има договор со Баерн до 30 јуни 2026 година, а германските медиуми пренесуваат дека тој сака да го продолжи договорот, но бара и неделна плата од 350.000 евра. Во Баерн сметаат дека тоа е премногу, но сепак ништо не е готово.

Наводно тие одредиле цена и спремни се да преговараат. Со Мусиала досега се поврзуваа Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.

Кариерата Мусиала ја започна во Челзи, а во Баерн пристигна во 2019 година и за клубот од Минхен одигра 167 натпревари во кои постигна 45 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…