Дома Тикет на денот Тикет на денот (сабота, 14.09.2024)

Тикет на денот (сабота, 14.09.2024)

Денес имаме комплетна понуда бидејќи на сцена се врати клупскиот фудбал. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Ливерпул – Нотингем Форест – 1/1 @ 1.73 во Mozzart

Ливерпул започна така како што и очекувавме. Во првите три кола од Премиер лига запишаа три победи и во моментов се наоѓаат на делба на првата позиција на табелата заедно со Манчестер Сити и се единствен тим кој нема примено гол. На гости им доаѓа Нотингем Форест кој исто така започна солидно, поточно оствари една победа и две реми. Сепак сметаме дека време е за првиот пораз на гостите, па затоа и се одлучивме да типуваме 1/1 со квота 1.73 во Mozzart.

ПСЖ – Брест – ГГ @ 1.80 во 22Bet


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


ПСЖ е тим кој нема достојна конкуренција во Франција. Играат фантастично, а и во своите редови имаат квалитетни играчи. Во првите три кола беа 100% и запишаа три победи од исто толку натпревари. Брест пак е тим кој ќе го гледаме во ЛШ оваа сезона и големо е прашањето дали овој тим ќе може да се снајде на два фронта. Како и да е, ПСЖ е огромен фаворит на овој дуел, но ние се одлучивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.80 во 22Bet.

Милан – Венеција – 1/1 @ 1.83 во 20Bet

Милан е најголемото разочарување во италијанската Серија А. Од нив очекувавме амбициозен почеток, но за жал се случи спротивното и овој тим во моментов има само два бода кои ги запиша преку две реми и еден пораз. На Сан Сиро во оваа рунда ќе патува тимот на Венеција кој нема некоја посебна цел, а во изминатите три кола собра само еден бод што е навистина премалку. Овде ние очекуваме Росонерите да доминираат и конечно да ја запишат првата победа за оваа сезона. Ние типуваме 1/1 со квота 1.83 во 20Bet.

Хофенхајм – Леверкузен – 2 @ 1.57  во Bet365

Хофенхајм е тим кој оваа сезона има амбиции за да стигне до зоната за Европа, а со оглед на големата конкуренција големо е прашањето дали ќе успеат во таа мисија. Во моментов имаат три бода од два натпревари. Најпрво победија против Холштен Киел, а потоа запишаа пораз од Ајнтрахт Франкфурт. Леверкузен пак веќе во второто коло запиша пораз, па репризата од ланската сезона скоро и да пропадна. Овде очекуваме гостите да запишат победа, па типуваме 2 со квота 1.57 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.95

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 13.12.2024)

Денес е петок 13-ти и нема причина да не се побара добитен тикет. Ние се одлучивме за след…