Дома Фудбал Останато Проблеми кај Роналдо: Претседателот поднесе оставка – властите го запоставуваат клубот?!

Проблеми кај Роналдо: Претседателот поднесе оставка – властите го запоставуваат клубот?!

Ал Наср на Кристијано Роналдо веќе две години е без трофеј, а сосема поинакви беа плановите кога клубот го доведе португалскиот ас во своите редови. Сега клубот поминува низ не толку добри денови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Навивачите и луѓето во раководството се незадовлни, сметаат дека властите ги туркаат нивните ривали (Ал Итихад, Ал Хилал и Ал Ахли), а нив ги испраќаат во заборав. Претседателот на клубот, Ибрахим Ал-Мухаидиб веќе поднесе оставка.

Медиумите кои се блиски до клубот објаснуваат дека повеќе не сакал да се бори кога гледал дека државниот врв го спречува во намерите да го направи Ал Наср најдобар клуб во Азија.

„Неговиот план беше Ал Наср да стане најдобар клуб во Азија, но не му дозволуваат да ја оствари целата и во овој момент нема надеж дека е можно да се оствари такво нешто“.

Според нив Инвестицискиот фонд кој е во сопственост на државата ги форсира споменатите три клуба и Ал Наср добива многу помала помош. Ал Наср со помош на фондот го доведе Роналдо и му даде договор од 200 милиони евра по сезона и тоа беше почетокот на фудбалската револуција во Саудиска Арабија бидејќи подоцна за останатите клубови потпишаа бројни познати имиња од европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …