Рускиот тенисер Данил Медведев доживеа елиминација во второто коло на турнирот во Синсинати откако беше поразен во два сета од Јиржи Лехечка (6:7, 4:6).
Клучни во мечот беа пропуштените три брејк топки на рускиот тенисер во првиот сет, а Лехечка го искористи тоа и во тај-брејк поведе со 1:0. Медведев во вториот сет имаше две можности за брејк за 2:1, но Чехот ја искористи својата шанса и стави точка.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лехечка во третото коло од турнирот ќе игра против Френсис Тиафо, а Медведев ќе се подготвува за УС-Опен кој стартува на 26. август.