Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Англиски репрезентативец бизарно се повредил – паднал од велосипед!

Англиски репрезентативец бизарно се повредил – паднал од велосипед!

Англискиот репрезентативец Ентони Гордон се здобил со повреда додека возел велосипед во близина на националниот камп на Европското првенство.

Репрезентативците на Англија ги искористија двата слбоодни дена од турнирот за рекративни активбности во кампот. Во една од нив Ентони Гордон, крилниот напаѓач на Њукасл се здобил со повреда додека возел велосипед.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Информацијата ja потврди неговиот соиграч Марк Гуехи.

„Падна од велосипед. Момците излегоа да возат велосипед, јас не бев таму. Слушнав затоа. Но, кога разговарав со Ентони видов голема рана на неговата брада. За среќа добро е“, изјави Гуехи.

Англија групната фаза на првенството ја заврши како првопласирана во конкуренција на Словенија, Данска и Србија, а сега во 18:00 часот во Гелзенкирхен ќе се соочат со Словачка.

Се очекува Гордон да биде спремен за тој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

ВАР е скапа играчка: Еве колку потроши ФФМ за Македонија да го има (Видео)

Проект лидерот Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што детално зборув…