Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја променат играта ако сакаат успех на ЕП.
Холандија загуби од Австрија со 3:2 во последното коло од групата, но се пласираа понатаму затоа што беа една од најдобро третопласирани селекции.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Можеби се преценуваме. Многу може да се каже и моравме да направиме многу анализи. Работите тргнаа целосно наопаку против Австрија. Беше многу лошо. Разговаравме за многу аспекти во играта и сега треба да покажеме подобрување. Тој меч беше оној кој ни ги отвори очите. Ако продлжиме вака, нема што да бараме на турнирот“, изјави Ван Дајк.