Дома Фудбал Италија Уште еден клуб во Серија А доби нов тренер

Уште еден клуб во Серија А доби нов тренер

Фудбалскиот клуб Верона го назначи Паоло Занети за нов шеф на стручниот штаб, официјално потврди членот на италијанската Серија А.

Занети го наследи Марко Барони кој пред неколу дена беше промовиран во Лацио.

Договорот меѓу Верона и 41-годишниот Занети беше потпишан на една година, со можност за продолжување на истиот период.

Занети во својата тренерска кариера беше тренер на Судитирол, Асколи, Венеција и Емполи.

Верона минатата сезона заврши на 13. место во Серија А и во наредната повторно нивна главна цел ќе биде опстанокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси со емотивно збогување пред последниот натпревар за Аргентина

Лионел Меси ќе го одигра својот последен натпревар за Аргентина против Бенин и се заблагод…