Дома Фудбал Италија Официјално: Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус

Официјално: Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус!

Бразилецот со италијански пасош потпиша тригодишен договор со „старата дама“, откако претходно направи „чудо“ со Болоња и ја однесе до Лигата на шампиони.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мота имаше фантастична играчка кариера во Барселона, Атлетико, Џенова, Интер и ПСЖ. Тренерската кариера ја почна во младинските категории на ПСЖ, а потоа ги водеше Џенова и Специја, пред да седне на клупата на Болоња во 2022 година.

Во Јувентус ќе има за задача да го врати шампионскиот трофеј во Серија А, кој се чека веќе ќе четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Норвешка го „избрка“ Халанд дома, а тој веднаш покажа што мисли за тоа

Откако селекторот на Норвешка одлучи да го испрати дома, Ерлинг Халанд со објава покажа шт…