Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди најверојатно ова лето ќе ја напушти Турција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според турските медиуми, за Барди има интерес од италијанскиот прволигаш Торино, кои веќе испратиле понуда.
Торино сакаше да го купи Барди и пред две години, но не успеа во својата намера, па сега повторно ќе си ја проба среќата.
Во 2021 година Торино направил обид да го купи македонскиот репрезентативец, но Леванте тогаш побарал сума од 15 милиони евра, а тоа било премногу за Италијанците.
Барди оваа сезона настапи на 42 натпревари за Трабзонспор и постигна седум голови и шест асистенции.