Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубовите од Саудиска Арабија не се откажуваат и на лето Салах ќе биде нивна главна трансфер цел за кого нема да жалат пари.
Договорот на Салах со Ливерпул е до летото 2025 година и „црвените“ не ја исклучуваат можноста да го продадат ова лето.
Претпоставката е дека тој ќе биде еден од најплатеите фудбалери во Саудиска Арабија, со слична годишна плата од 138 милиони фунти колку што добива Нејмар.
31-годишниот Салах смета дека сега е вистински момент да го напушти Ливерпул и е спремен да ја прифати богатата понуда од Саудиска Арабија.