Фудбалерите на Арсенал на гости го совладаа Манчестер Јунајтед со резултат 1:0, а единствениот гол на „Олд Трафорд“ го постигна Леандро Тросар во 20. минута.
Арсенал го престигна Манчестер Сити во поредокот, иако со натпревар помалку. „Топџиите“ сега имаат 86 бодови, а „граѓаните“ 85. Вчерашната фудбалска претстава ја расипа дождот, кој во текот на натпреварот силно врнеше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колку силно врнеше најдобро покажува видеото на кое може да се видат поточиња како течат меѓу столовите на трибините. Меѓутоа ваквата ситуација беше и дочекана како нова причина за сеир на Манчестер Јунајтед на кого освен што не му оди на теренот, очигледно не му оди и во други сегменти…
I'm actually on the floor they turned their backs on Ronaldo for exposing these things. pic.twitter.com/5w6kUjN1RH
— Santi™ (@ThePeakSanti) May 12, 2024
Old Trafford's roof is as leaky as their defencepic.twitter.com/SpDBk0RG2g
— Troll Football (@TrollFootball) May 12, 2024