Легендарниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида, кој остана запаметен по настапите кон крајот на деведесеттите и почетокот на 2000-тите, доживеа несреќа во родната Нигерија, во која загина неговиот брат Ибрахим, додека тој и неговата сопруга беа пренесени во болница.
Имено, Бабангида отишол на настан со неговиот брат Ибрахим и неговата сопруга, но на автопатот Кадуна – Зарија им се случила сообраќајна несреќа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Се молиме за Тијани Бабангида и неговото семејство кои доживеаја трагедија на патот Кадуна – Зарија. Ибрахим Бабангида, помладиот брат на Тијани, го загуби животот, додека претседателот (Тијани) со семејството е пренесен во болница. Нека почива во мир душата на Ибрахим Бабангида, амин“, стои во соопштението.
Ибрахим има 47 години, а познат е и како фудбалер кој го освоил Светското првенство за играчи до 17 години со Нигерија во 1993 година во Јапонија.
Неговиот брат е далеку попознат, бидејќи играше за Рода, Венло, Ајакс, Генчлербирлиги, Витесе, Ал Итихад и Чангчун, а одигра и 36 натпревари за репрезентацијата на Нигерија.
Покрај нив двајца, во автомобилот била и сопругата на Тијани, која исто така завршила во болница, а според првите извештаи тие се во критична состојба.