Дома Останати Кошарка Минесота е првиот полуфиналист на Западот во НБА плеј-офот

Минесота е првиот полуфиналист на Западот во НБА плеј-офот

Кошаркарите на Минесота со 4:0 го елиминираше Феникс за пласман во полуфиналето на Западот во НБА плеј-офот. Во четвртиот натпревар составот на Тимбервулфс славеше со 122:116 на гости против Санси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во победничките редови Ентони Едвардс постигна 40 поени, следен од Карл-Ентони Таунс кој запиша 28.

На спротивната страна Девин Букер постигна 49 поени, погоди 20 од 21 слободно фрлање, додека Кевин Дурент додаде 33 поени.

Во полуфиналната фаза Минесота го чека победникот од дуелот меѓу Денвер и Лос Анџелес лејкерс во кој моментно Нагетси имаат предност од 3:1.

Со дури 22 тројки од 43 обиди, Индијана го совлада Милвоки со 126:113 и поведе во серијата на Истокот со 3:1. Без Јанис Антетокунмпо, Бакси се држеа во текот на првото полувреме, но попуштија во третата четвртина и сега се на работ на елиминација.

За Пејсерси доминираше Мајлс Тарнер кој реализираше 29 поени, дури седум тројки од девет обиди, заедно со девет скокови, четири асистенции и три блокади. Кај Милвоки се истакна Брук Лопез со 27 поени и девет скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…