Дома Топ вести Позната најголемата желба на Манчестер Јунајтед

Позната најголемата желба на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед не се откажува од трансферот на францускиот дефанзивец, Жан Клер Тобидо, пренесува „Екип“.

23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Манчестер Јунајтед се обиде да го доведе минатото, но  не успеа да постигне договор, а сега повторно Тобидо ќе биде трансфер цел број еден.

Тен Хаг сака да ја засили одбраната, па наскоро ќе испрати понуда за францускиот дефанзивец кој ова лето сигурно ќе ја напушти Ница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…