Никола Јокиќ направи уште еден голем чекор кон третото признание за МВП во сезоната откако изминатата вечер со блескав настап ја сруши Минесота во директниот дуел за првата позиција на Западната конференција.
До победата Денвер дојде со резултат 116:107 и на два натпревари пред крајот на регуларниот дел се искачи на врвот на табелата на Западот. Во преостанатите два натпревари Јокиќ и друштвото ќе играат против Сан Антонио и Мемфис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јокиќ и против тимот кој има најдобра одбрана во лигата оствари фантастичен учинок од 41 поен, 11 скока и седум асистенции. Овие 11 асистенции беа доволни за Јокиќ да дојде до бројката од 4.650 асистенции и сега е втор најдобар „додавач“ во историјата на НБА кога се центрите во прашање. Пред него е само Карим Абдул Џабар со 5.660.
Покрај него одлични беа уште Џамал Мареј со 20 и Мајкл Портер со 18. Во редовите на Минесота Едвардс беше најефикасниот со 25 поени.
НБА РЕЗУЛАТИ:
Кливленд – Мемфис 110-98
Атланта – Шарлот 114-115
Бруклин – Торонто 106-102
Мајами – Далас 92-111
Милвоки – Орландо 117-99
Оклахома – Сан Антонио 127-89
Денвер – Минесота 116-107
ЛА Клиперс – Феникс 108-124