Златан Ибрахимовиќ во април заработи тешка повреда на натпреварот во Лигата на Европа против Андерлехт. Корпулентниот Швеѓанец тогаш ги скина лигаментите на коленото, а иако многумина му предвидоја крај на кариерата, тој успешно закрепнува.
Закрепнувањето на Ибра ги „натера“ лидерите на Манчестер Јунајтед да му понудат нов договор. Тој истиот и го потпиша, а сега е познато на кој натпревар ќе се врати Златан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според пишувањата на „Football365“, Ибра ќе се приклучи на тренинзите на „Црвените ѓаволи“ во ноември, а во составот на Јунајтед би требало да се врати на почетокот на декември и тоа за дербито против Арсенал.
Пофални зборови за Ибрахимовиќ имаше и неговиот конкурент во составот на Јунајтед, Ромелу Лукаку.
„Веќе некое време знаев дека Златан ќе потпише нов договор, но никого не кажав. Среќен сум. Потребен ни е неговиот карактер. Мислам дека многу ќе ни помогне“, изјави Лукаку.