Холандскиот стратег Ерик Тен Хаг е разочаран што Манчестер Јунајтед го загуби дербито против Челзи.
Имаа водство од 2:3 „црвените ѓаволи“ до 100. минута, но во завршницата примија два гола и го загубија натпреварот со 4:3.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Почнавме лошо со правење индивидуални грешки, меѓутоа потоа се вративме и доминиравме, бевме во победничка позиција и игравме одличен фудбал. Но, во судиското продолжение потфрливме. Требаше да си ја завршиме работата, но ние не реагиравме доволно добро за да избегнеме ситуација како што ни случи.
„Доминиравме, посебно на крилните позиции каде што Гарначо и Антони беа опасни, сепак како што кажав требаше да носиме подобри одлуки. Покажавме дека можеме да сме многу опасни“, изјави Тен Хаг.
Инаку, Манчестер Јунајтед е првиот тим во историјата на Премиер лигата кој водел до 100. минута со 2:3, а на крајот да загубил (ТУКА).