Медиумите на Островот најавуваат дека во Англија ќе се донесе правило според кое во иднина на клубовите кои го прекршиле финансискиот фер-плеј нема да им се одземаат бодови, туку ќе се воведе „данок на луксуз“, нешто слично како во НБА.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова значи дека на клубовите воопшто нема да имаат казна со одземање на бодови, туку само ќе треба да платат одредена парична казна.
Ваквата најава не е добро прифатена во Англија и се тврди дека тоа е мерка за да се спаси Манчестер Сити кој од претходно е соочен со 115 обвинувања и во моментов се водат процеси.
Според досегашните правила Сити освен финансиски можеше да биде казнет и со одземање на бодови, па и со исфрлање во понизок ранг. Но изгледа дека тоа нема да биде случај.