Во изминатиот викенд екипата на Хибернијан беше поразена на гости кај Глазгов Ренџерс со 1:3 во шкотското првенство, а еден детал од овој натпревар посебно го привлече вниманието.
Еден фудбалер на гостите сакаше да изведе слободен удар и да упати дијагонала преку теренот, но го „нокаутираше“ соиграчот пред себе. Меѓутоа тука не беше крајот на бизарната ситуација, бидејќи топката се одби и го погоди во глава уште еден негов соиграч.
What just happened in Rangers vs Hibernian is a thing of beauty
— Out of Context Football Manager (@nocontextfm1) March 30, 2024
pic.twitter.com/K6H0y18XCw