Веројатно повозрасните љубители на фудбалот се сеќаваат на славниот фудбалски „џин Јан Колер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот чешки репрезентативец во овој момент има 50 години, но и понатаму игра фудбал. Станува збор за аматерски ранг, но секако е фантастично што е активен и на таа возраст.
Колер настапува за Сметанова Лота кој е дел од четвртата аматерска лига на Чешка и сезонава со осум гола е најдобриот стрелец во тимот.

Своевремено во својата кариера Колер настапуваше за Спарта Прага, Локерен, Андерлехт, Борусија Дортмунд, Монако, Нинберг, Крилја Совејтов и Кан. Најдобрите денови ги помина во Германија во редовите на Борусија.
Дресот на репрезентацијата на Чешка го носеше на 91 натпревар и постигна 55 голови.