Денес католиците слават Велигден, па понудата е малку поограничена, но сепак доволно голема за да составиме тикет на денот. Ова е нашиот предлог за денес.
Штутгарт – Хајденхејм – 1/1 @ 1.80 во Mozzart
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Екипата на Штутгарт се уште важи за едно од најпријатните изненадувања оваа сезона во Бундеслигата. Тие се наоѓаат на одличното трето место и малку ги дели од директен пласман во Лигата на шампионите што би било голем успех за Швабите. Од друга страна Хајденхејм е на средината на табелата и тоа благодарение на одличните игри од првиот дел на сезоната. Во последно време играат многу лошо и за тоа зборуваат резултатите од последните пет првенствени натпревари каде што овој тим зеде само два бода. Домаќините на овој дуел очекуваме да доминираат и типуваме 1/1 со квота 1.80 во Mozzart.
Манчестер Сити – Арсенал – ГГ @ 1.67 во 22Bet
Во англиската Премиер лига, денешниот последен термин е резервиран за дерби натпревар каде што ќе се сретнат екипите на Манчестер Сити и Арсенал. Граѓаните се уште се во тесна трка за титулата и како што стојат работите така и ќе биде до самиот крај на сезоната. Арсенал на пауза замина како првопласиран тим, а оваа година имаат сериозна намера да стигнат до пехарот во Премиер лигата. Како и да е, овде да се типува на конечен исход е навистина тешко, па одлучивме да ви дадеме предлог на голови. Ние типуваме ГГ со квота 1.67 во 22Bet.
Ница – Нант – 1 @ 1.70 во 20Bet
Екипата на Ница се снаоѓа одлично оваа сезона и може да заклучиме дека фановите на овој клуб се комплетно задоволни со досегашниот учинок. Имено од 26 изиграни натпревари собраа 43 бода и тоа можеби е малку за титула, но е сосема доволно за да бидат во борба за пласман во најелитното фудбалско натпреварување Лига на шампиони. Нант пак е дел од црвената зона и на последните пет натпревари имаат само една победа, па формата не им е баш на завидно ниво. Сметаме дека Ница ќе ја искористи кризата на Нант и дека ќе земе нови три бода на овој натпревар. Наш предлог е 1 со квота 1.70 во 20Bet.
Пакс – Ујпешт – 1 @ 1.62 во Bet365
Домаќините оваа сезона се во тесна конкуренција заедно со Ференцварош за титулата. Можеби имаат хендикеп со оглед на тоа што имаат 2 бода помалку и еден натпревар повеќе, но секако до крајот има уште многу и рано е да им пресудиме. Ујпешт изостана во борбата за горниот дел од табелата, но барем се надвор од црвената зона и се наоѓаат на сигурно. Според сите параметри, екипата на Пакс е фаворит на овој натпревар, а ние очекуваме да ја оправдаат таа улога без поголеми проблеми. Ние одлучивме да типуваме 1 со квота 1.62 во Bet365.