Полицијата во Грција е во состојба на висока готовност поради денешниот реванш натпревар од осминафиналето на Конференциската фудбалска лига помеѓу ПАОК и Динамо Загреб, кој ќе се одигра во Солун.
Според Европската фудбалска унија (УЕФА), натпреварот помеѓу овие два тима е категоризиран како натпревар со висок ризик, особено откако летоска беше убиен навивачот на АЕК, Михалис Кацурис Поради тоа, УЕФА донесе одлука за забрана на навивачите да присуствуваат на натпреварот, и во Загреб и во Солун.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако првиот натпревар во Хрватска помина без инциденти, грчките власти стравуваат за можноста на присуство на голем број хрватски навивачи во Солун. Затоа, полицијата е на готовност и има наредба да ги уапси сите сомнителни лица пред влезот во градот.
Според информациите од соседството се врши строга пасошка контрола и преглед на патниците чија дестинација е аеродромот во Солун. Засега, нема информации за можни навивачки инциденти, но полицијата има преземено највисоки мерки за безбедност.