Дома Тикет на денот Тикет на денот (петок, 08.03.2024)

Тикет на денот (петок, 08.03.2024)

Полека се комплетираат лиги, а го очекуваме и почетокот на скандинавците. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Наполи – Торино – 1 @ 1.95 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Победата над Јувентус за Наполи значеше дека нема да се откажат од пласманот во Лигата на шампиони. Актуелниот првак на Италија е далеку од минатогодишната форма, а изостанокот на Осимен поради настапот во африканскиот куп на нации се покажа како голем хендикеп. Домаќините исто така за неколку дена имаат тежок натпревар каде што ќе се сретнат со Барса во рамките на реваншот од ЛШ. Торино од друга страна и оваа сезона делува дека ќе остани без Европа и дека ќе мора да се задоволат само со навремен опстанок. Ние овде типуваме 1 со квота 1.95 во Mozzart.

Барселона – Мајорка – 1&0-3 @ 2.15 во 22Bet

Барса нема изгубено откако последно од Виљареал примија пет гола. После тоа, на терен излегоа седум пати и добија 4 натпревари, а три пати изиграа нерешено. Наскоро ќе биде реваншот против Наполи и тоа ќе биде барем засега меч на сезоната за Барса. Овој пат на Монжуик доаѓа Мајорка. Гостите се засега на сигурно, но до крајот има уште многу и не смеат да се опуштат. На овој натпревар веруваме дека немаат воопшто предност, па затоа ние се одлучивме да типуваме 1&0-3 гола со квота 2.15 во 22Bet.

Шефилд Венсдеј – Лидс – Х2&0-2 @ 2.35 во Bet365

Шефилд во вторникот го победи Плимут во вонредното коло и ја продолжува трката за да ја избегне црвената зона и да остане во Чемпионшип. Овој тим запиша четири последователни победи, но далеку се од сигурен опстанок, но ако продолжат со ова темпо не би требало да имаат проблеми со опстанокот. Лидс пак е на високата 3-та позиција со само 2 бода помалку во однос на Ипсвич кој е на позиција која води во директен пласман во Англија. И покрај тоа што домаќините се во добра форма, ние очекуваме Лидс да останат непоразени на натпревар без многу погодоци. Наш предлог е Х2&0-2 гола со квота 2.35 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 9.85

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 26.06.2026)

Уште малку време остана до нокаут фазата од СП. Многу работи се веќе познати, а целосно ќе…