Ракометната федерација на Македонија одлучи да ги отвори вратите и влезот за натпреварот против Шпанија во квалификациите за Европското првенство 2024 да биде слободен.
Ракометарките имаат одличен старт во квалификациите и се на две победи во првите два натпревари. Забележавме победи против Литваниај и Азербејџан, а сега не чека натпревар против фаворитот Шпанија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра на 29-ти февруари со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Ќе потсетиме, место на собирот на најдобрите европски селекции обезбедуваат првите две селекции од групата и најдобрата третопласирана репрезентација.