Денес се играат последните два натпревари од 1/8 финалето на ЛШ и потоа ни следуваат реванш натпреварите. Се играат уште и неколку другите важни дуели, што е доволно за да составиме тикет. Ова е нашиот предлог.
Наполи – Барселона – 1Х&0-2 @ 2.80 во Mozzart
Тимот од Наполи игра катастрофално, а тоа резултираше со отпуштање на тренерот и сега на клупата го имаат Франческо Калцона кој деби ќе има против Барса во 1/8 финалето. За Наполитанците е ова многу важен натпревари бидејќи од Скудето одамна се опростија, а исто така беа елиминирани и од купот, па ЛШ им е единствена шанса за успех. Ниту Барса не се наоѓа во своето препознатливо светло. За викендот остварија победа на тешкото гостување кај Виго, но се наоѓаат далеку од лидерската позиција во Ла Лига. Ние овде очекуваме домаќините да не бидат поразени и типуваме 1Х&0-2 гола со квота 2.80 во Mozzart.
Гент – Макаби Хаифа – 1 @ 1.85 во 22Bet
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден реванш дуел од конференциската лига се игра вечер. Гент го дочекува тимот на Макаби Хаифа и ќе се обидат да го надоместат голот минус кој го имаат после првите 90 минути изиграни на неутрален терен во Будимпешта. Гент беше во многу лоша форма и првата првенствена победа во 2024 година ја запишаа минатиот викенд на гостувањето кај Еупен. Гостите се во одлична форма и успеаа да ја надоместат предноста од Макаби Тел Авив во израелската лига. Тоа го остварија со две победи во краток временски интервал против најголемиот ривал и повторно се најсериозни кандидати за титула. Овде очекуваме Гент да даде се од себе и да победи, а коефициентот за 1 во 22Bet изнесува 1.85.
Панатенаикос – ПАОК – ГГ @ 1.85 во Bet365
Во најважниот дел од сезоната, екипата од Солун попушти. Тие запишаа најпрво реми против АЕК, а потоа беа поразени од Панатенаикос во купот, а запишаа и пораз од Олимпијакос во рамките на домашното првенство. Домаќините пак имаат само едно реми во последните пет натпревари, а останатите дуели им се запишани како триумф, па може да кажеме дека на овој натпревар влегуваат со одлично расположение. Мотивот е огромен на овој натпревар, па очекуваме неизвесен и возбудлив натпревар. Ние типуваме ГГ со квота 1.85 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 9.58
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk