Дома Фудбал Англија Голем потег на Ливерпул: Ериксон ќе седне на клупата на англискиот гигант!

Голем потег на Ливерпул: Ериксон ќе седне на клупата на англискиот гигант!

Екипата на Ливерпул ќе организира натпревар на своите легенди против елгендите на Ајакс и тој дуел ќе се игра на „Енфилд“ на 23-ти март оваа година.

Секоја година се случуваат натпревари на легендите, но овој натпревар ќе биде посебен поради легендарниот стратег Свен Горан Ериксон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, неодамна во едно свое обраќање Ериксон соопшти дека боледува од неизлечива болест според докторите му останува околу една година живот. Во разговорот со медиумите тој зборуваше и за неговите неостварени желби, а најголемата во кариерата му била еден ден да го води Ливерпул кој е негов омилен клуб.

Набрзо по таа изјава на Ериксон, Јирген Клоп испрати јавен повик дека ќе му дозволи да помине еден ден со првиот тим, но во меѓувреме од „Енфилд“ пристигнаа уште подобри вести за Ериксон.

Имено, тој ќе биде дел од стручниот штаб во споменатиот натпревар против легендите на Ајакс и така во последните денови од својот живот ќе си ја исполни големата желба. Навистина прекрасен гест на англискиот гигант и нема сомневање дека целиот настан ќе помине со многу емоции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…