Дома Трансфер зона Црвена Звезда одби да продаде уште еден фудбалер за десет милиони евра

Црвена Звезда одби да продаде уште еден фудбалер за десет милиони евра

Црвена Звезда одлучила да го задржи Осман Букари и да не ја прифати големата понуда од МЛС лигата за напаѓачот Осман Букари.

За одлично деснокрилен напаѓач се интересираа неколку руски клубови во текот на оваа земиан, а потоа се распрашувале и екипите на Чикаго Фајр и Лос Анџелес Галакси од МЛС лигата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Последната понуда која пристигнала од САД за Букари изнесувала десет милиони евра, но за „Спортске.нет“ од Црвена Звезда потврдиле дека тој ќе остане во клубот.

„Дефинитивно Букари ќе остане. Тоа е наша конечна одлука. Десет милиони евра е навистина голема понуда, но титулата нема цена. Тука не се работи за тоа дали во иднина ќе добиеме повторно ваква понуда или пониска за Букари, се работи за тоа дека ни е неопходен за освојување на шампионската титула“, соопштиле помеѓу другото од Звезда.

Ќе потсетиме, Звезда неодамна продаде два фудбалери исто така за по десет милиони евра. Коста Недељковиќ потпиша за Астон Вила, а Јован Мијатовиќ беше продаден во Њујорк Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус го сака дефанзивецот на Арсенал

Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „К…