Дома Фудбал Репрезентации Блам на годината: Првата дама на Франција му предложи на Дешам да повика Јапонец во репрезентацијата

Блам на годината: Првата дама на Франција му предложи на Дешам да повика Јапонец во репрезентацијата

Првата дама на Франција, Брижит Макрон заедно со селекторот на Франција, Дидие Дешам беше во посета на децата кои се лекуваат во Универзитетската болница во Ремс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во текот на посетата таа разговараше со Дешам, а во еден момент се отвори и фудбалска тема. Имено, селекторот се пожали дека во Ремс нема фудбалер кој би можел да игра во репрезентацијата и тука следуваше гаф од првата дама на Франција.

„Има еден фудбалер кој игра многу добро, мислам дека е Јапонец. Зошто не го повикате?“, запраша Брижит.

Ова прашање измами насмевка кај Дешам кој и даде експресен одговор:

„Па, затоа што е Јапонец“, одговори селекторот.

Во прашање беше фудбалерот Јунџи Ито кој за селекцијата на Јапонија веќе собра 53 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Aргентина се намачи со Швајцарија и победи со играч повеќе дури по продолженија! (Видео)

Аргентина обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство откако триумфираше над Шва…