Дома Останати Тенис Тинејџерка приреди сензација на Австралија Опен – ја елиминираше својата идолка!

Тинејџерка приреди сензација на Австралија Опен – ја елиминираше својата идолка!

Руската 16-годишна тенисерка Мира Андреева во второто коло на Австралија Опен ја елиминираше шестата тенисерка во светот Онс Жабер и тоа со сигурна победа од 2:0 во сетови (6:0 и 6:2).

Оваа победа за Андреева е посебна затоа што освен што победи една од најдобрите тенисерки во светот, ја победи и својата идолка.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Онс е моја инспирација. Секогаш ги гледам нејзините мечеви и поради тоа пред мечот бев нервозна. Подоцна во мечот се опуштив и уживав“, изјави Андреева која во третото коло ќе игра против Французинката Диана Пери.

Адреева својата прва грен-слем победа ја оствари минатата година на Ролан Гарос. Професионална тенисерка е од 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…