Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Лерој Сане официјално стана најбрзиот фудбалер во Премиер лигата оваа сезона, но и откако се мерат најбрзите спринтови на натпреварите во најсилната англиска лига (2014).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сане на натпреварот против Челзи во сабота истрча 35,48 километри на час, со што стана сосптвеник на најдобриот резултат оваа сезона и така го надмина Патрик Ван Анхолт (35.42 км/х) и Антонио Рудигер (35,19 км/х).
Досегашниот рекорд беше на Џејми Варди со спринт од 35.44 километри на час, кој беше забележан минатата година. Лерој Сане оваа сезона настапи на десет натпревари во сите натпреварувања, а постигна пет гола со две асистенции.